Актуелно

ЦУК: Состојбата е генерално стабилна, но оти се уште прeстојат ризици

Управувачкиот комитет за кризи на денешната седница заклучи дека состојбата во Македонија со невремето предизвикано од неповолните метеоролошки услови е генерално стабилна, но оти се уште простојат ризици за негативен развој на настаните, особено од ниските температури што можат да предизвикаат проблеми во снабдувањето со електрична енергија и вода, како и во сообраќајот.

Портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев рече дека надлежните служби прават се што е во нивна моќ на централно и на локално ниво за да се надминат предизвиците со кои се соочуваме. Тој рече дека од денеска во следните денови главен предизвик со кој ќе се справуваат се ниски температури, кои создаваат проблеми со здравјето на населението, снабдувањето со електрична енергија и водоснабдувањето, како и со движењето на лицата и сообраќајот.

Ѓорѓиев рече дека институциите остануваат подготвени во секој момент да дејствуваат и на секој дел од теренот и да сторат се што е во нивна моќ за да се сведат ризиците на минимум и последиците да бидат надминати во брз временски период. Тој истакна дека на сила остануваат препораките и законските обврски за движење во сообраќајот и нагласи дека граѓаните кои мора да патуваат тоа да го прават во периодот од денот кога има повисоки температури.

ЕВН Македонија, како што рече Ѓорѓиев, во текот на минатата вечер имале поголем број интервенции во западниот дел од земјава, а во моментов работат на санирање на проблемите во некои од планинските села во источниот дел од Македонија. Според податоците на ЕВН Македонија, потрошувачката на електрична енергија за разлика од вчера кога беше повисока за 5 отсто од вообичаеното, денеска е зголемена за 10 отсто. Тоа, како што соопштиле од ЕВН Македонија, да предизвика проблеми со снабдувањето, поради што се препорачува граѓаните рационално да ја користат електричната енергија.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) истакнаа дека магистралните патишта во земјава и во најголем дел регионалните се проодни во зимски услови и отежнато. Авионскиот и железничкиот сообраќај се одвива редовно, освен на делот од пругата од Велес кон Кочани каде од синоќа од 21 часот има наноси на снег.

– Меѓуградските линии се одвиваат редовно со задоцнување од половина час до час, а забрани за сообраќај за тешки возила засега има на планинскиот превој Маврово, но забраните во текот на денот повторно може да стапат на сила, бидејќи од час на час состојбата се менува. На бесплатниот телефонскиот број на ЦУК за итни повици 195 во последното деноноќие имавме 60-тина повици кои во најголем дел беа од инфромативен карактер, рече Надица Вчкова од ЦУК.


Извор: МЕТА

Advertisements
To Top