Актуелно

CNN анкета: Над Европа повторно се надвиснува сенката на антисемитизмот

Сеќавањата за холкаустот, страдањата и погромот на Евреитеслабеат, а во Европа сѐ повеќе се заџврстуваат антисемитските ставови и предрасуди – ова се поразувачките резултатите од анкетата која ја направи CNN.

Повеќе од четвртина од анкетираните Европејци сметаат дека Евреите имаат преголемо влијание врз бизнис и финансискиот сектор. Просечно, еден од четворица анкетирани веруваат дека тој народ на некој начин влијаел врз почнувањето на војните и конфликтите во светот.

Една петтина од анкетирани сметаат дека Евреите со своите постапки дејствуваат врз медиумите и дека имаат преголемо влијание на политичката сцена.

Од друга страна, третина од Европејците знаат малку или не знаат ништо за холкаустот и масовното убиство на шест милиони Евреи за време на нацистичкиот режим и владеењето на Адолф Хитлер во 30-тите и 40-тите години од минатиот век.

Анкетата за Си-ен-ен ја спровела компанијата Комрес. Таа анкетирала 7.000 луѓе низ Европа: во Австрија, Франција, Германија, Британија, Унгарија, Полска и Шведска. Анкетата покажала дека жителите на Европа имаат комплицирани и контрадикторни ставови кон Евреите.

Во анкетата е забележливо загрижувачкото ниво на незнаење на историските настани за време на нацистичкиот режим. Така третина Европејци знаат малку или воопшто не знаат за холокаустот, а еден од дваесет анкетирани никогаш не ни слушнал за холокаустот. Најмалку за тој ужасен настан знаат младите Французи. Една петтина од младите во Франција, на возраст од 18 до 34 години, воопшто не слушнале за холокаустот и за колежот што се случил.

Во Австрија, родната земја на Адолф Хитлер, 12 отсто младите никогаш не слушнале за холокаустот.

Разликите во ставовите се заоструваат кога ќе се почне со анализирање на односот на Евреите, холокаустот и Израел. Повеќето Европејци (54 отсто) сметаат дека Евреите имаат право на своја држава, но третина од анкетираните сметаат дека Евреите манипулираат со ужасите на холокаустот за да ги оправдаат своите политички постапки.

Иако многумина се сложуваат дека јакнењето на антисемитизмот е општествен проблем, 28 отсто од анкетираните веруваат дека на тоа придонеле самите Евреи и политичките постапки на државата Израел. Речиси една петтина од нив мислат дека Евреите со своето секојдневно однесување се виновни за порастот на антисемитизмот во нивните земји.

Мал број анкетирани (10 отсто) признале дека имаат негативен став кон Евреите. Но, тие бројки се поголеми во некои конкретниз емји. Така антисемитизмот го признале 15 отсто анкетирани во Полска и 19 отсто во Унгарија.

Многумина кои сметаат дека Евреите имаат преголемо влијание во бизнис и политичката сфера шпекулираат со погрешни бројки за целосниот број Евреи во светот. Две третини од анкетираните погрешно го процениле вкупниот број Евреи, мислеле дека ги има многу повеќе од нивната вистинска бројка.

Така четвртина од Унгарците сметаат дека Евреите се 20 отсто од вкупниот број луѓе на светот. Слично веруваат и петтина Британци и Полјаци.

Advertisements
To Top