Човекот со два пениси одговори на прашањата кои сите ги интересираа


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кога на почетокот од 2014 година во јавноста се појави приказната за анонимниот дечко кој се крие под псевдонимот Double Dick Dude, а кој на социјалните мрежи отворено зборуваше за своето необично физиолошко пореметување – дифалија – поради кое има два функционални пениси, светската јавност беше шокирана, но беше заскокоткана и нејзината љубопитност.

Дифалија е пореметување кое се јавува кај 5,5 милиони деца во САД, но доста се ретки (ако воопшто има други освен овој) се оние кои се раѓаат со два целосно функционални полови органи.

Една година подоцна, во 2015, истиот овој батка напиша книга за својата состојба. Кога бил мал, родителите му велеле дека е „посебен“, открива за Unilad.

„Не можам точно да кажам кога дознав дека сум посебен. Кога моите родители ми кажаа дека сум посебен бидејќи имам два пениса, ми кажаа и дека не треба да им откривам на другите затоа, па јас им поверував. Логиката која јаупотребија ми создаде размислувања дека ако им кажам на другите деца, ќе направам да се чувствуваат лошо бидејќи тие имаат само еден. Не го сакав тоа. Моите родители тоа така го направија и од сета таа ситуација не направија фрка, па тоа немаше никакво влијание врз мене во текот на мојата адолесценција“, открива дечкото со два „алати“ во гаќите.

„После пубертетот морав да ја кријам мојата состојба. Секогаш носев шорц и никогаш не се соблекував во соблекувалната. Никој од моите врсници од школо не знаеше за моето пореметување и никој освен мојата девојка со која ја изгубив невиноста и мојот најверен другар, ја немаше видено таа моја состојба. Девојката немаше негативна реакција сè додека не почнаа да се шират гласини за моите два пениси, а кои сигурно таа ги рашири, бидејќи јас и другар ми бевме наречени гејови од страна на насилниците од кои тој ме бранеше“.

Неговиот татко му кажал дека не е важно што мислат другите и смета дека би имало многу помалку депресивни тинејџери, доколку има повеќе татковци како неговиот. Во текот на растењето признава дека неговиот сексуален живот бил турбулентен. Имало периоди кога бил исклучително сексуално активен, а потоа дошол мирен период. Се уморил од сè и сакал стабилна врска.

Кога во 2014 година јавноста дозна за него, влезе во врска со еден маж и една жена и две години беа „тројка“. Тоа што неговата состојба излезе во јавност никако не било негов план. Бившиот партнер го убедил да постави фотографии на Tumblr.

Многу време поминал во самозадоволување

„Мојата простата би се воспалила ако не ејакулирам доволно. Веројатно јас сум единствениот човек со легитимна причина барем еднаш дневно да морам да доживеам оргазам. Мојата простата добива стимулации од двата пениси и создава доста многу семена течност“, објаснува дечкото.

Тој има еден мускул кој ја контролира урината и дозволува да излегва од двата полови органи, така што ако не го притисне едниот, течноста ќе излегува од двете страни.

„Морам да ги извадам двата полови органи од панталоните за да уринирам, па така сите ме гледаат. Во текот на сексот ејакулирам од двата истовремено. Кога мастурбирам, обично го користам само десниот. Стимулациајта на двата пениси е одлично чувство, но многу е поубаво кога имам секс“, вели тој.

Добил понуди и за порно филмови

Анонимниот дечко има добиено понуди и за глумење во порно филмови, но одлучил да ги одбие.

Јавноста и понатаму не го знае неговото име, а одбил и финансиски понуди од неколку телевизиски емисии. Дури се одрекол и од профитот од продажбата на неговата книга.

„Фотографиите ги објавив со единствена причина бидејќи луѓето мислев дека ќе сакаат да знаат дека постои барем еден човек со два нормални и функцонални пениси“.

Ако решите да погледнете како изгледа тоа некој да има два исти и функционални пениси, Твитер профилот Double Dick Dude содржи прилично експлицитни фотографски содржини. Да не речете дека не ве предупредивме.