Home Актуелно Честитки до Заев и од албанскиот претседател Мета: Поддршка на процесот кој ја ослободи Македонија од застојот!

Честитки до Заев и од албанскиот претседател Мета: Поддршка на процесот кој ја ослободи Македонија од застојот!

По мноштвото реакции, по вчерашното изгласување за уставните измени во Собранието, се огласи и албанскиот претседател Илир Мета.

Мета му честиташе на Зоран Заев и неговата Влада по успехот на синоќешната седница.

„Гласањето во македонскиот Парламент за иницијативата за уставни промени е важен чекор, надеж и верба дека процесот на членство на Македонија во НАТО и ЕУ е на вистинскиот пат. И честитам на владата на премиерот Заев за напорите што се направени во овој поглед и на сите пратеници на македонското Собрание за поддршка на процесот кој не само што ја ослободува Македонија од неколкугодишниот застој во интеграција, туку влијае и на безбедноста, стабилноста и благосостојбата на нашиот регион“, истакна албанскиот претседател во порака напиша на неговата Фејсбук страна.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…