Home Актуелно Честит Рамазан Бајрам на сите муслимански верници – празник на солидарноста и прочистувањето

Честит Рамазан Бајрам на сите муслимански верници – празник на солидарноста и прочистувањето

Денес сите верници од исламска вероисповед го чествуваат големиот муслимански празник Рамазан Бајрам – празник на солидарноста кој го слави духовното и телесното прочистување.

Рамазан е најсветиот месец во исламот во кој е објавен Куранот во 610 година. Празникот Рамазан Бајрам се слави по завршувањето на светиот месец. За цело време на светиот месец се држи строг пост. Бајрам е празник кој го слави духовното и телесното прочистување.

По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце, денеска во сите џамии се служи утрински Бајрам-намаз.

Поголемиот дел верници од исламска вероисповед овој празник го слават три дена. Рамазан, деветиот месец во исламскиот календар, воедно е и месец на почетокот на објавата на Куранот.

Во текот на Рамазанскиот пост муслиманските верници се обврзани да даваат садакатул-фитер, милостина на сиромашните. Фитерот треба да се даде пред утринскиот Бајрам-намаз, а ако некој тоа не го направи се обврзува фитерот да го даде во текот на годината.

Рамазан-Бајрам е ден кога се сретнува моќта на богатите со слабоста на сиромашните во љубов, милост и правдина. Ден кога сиромашните се радуваат во удобностите на животот, ден кога роднините се сретнуваат во благодет и внимание еден за друг, ден кога муслиманите се соединуваат во молитви и меѓусебни посети, ден кога пријателите ги оживуваат мостовите на љубовта и елементите на блискост, ден кога благородниот дух ги простува грешките на другите и се соединува по разделбата.

Првиот ден од Рамазан Бајрам е неработен за сите граѓани на Република Македонија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…