Home Спорт Челзи испрати ШОКАНТНА понуда за напаѓач од Премиер лигата

Челзи испрати ШОКАНТНА понуда за напаѓач од Премиер лигата

Раководството на Челзи вредно работи на засилувања во јануарскиот преоден рок, па после Рос Баркли се чини на „Стенфорд Бриџ“ ќе пристигне и еден напаѓач.

Менаџерот Антонио Конте сака уште еден напаѓач кој ќе биде адекватна замена за Алваро Мората, бидејќи Мичу Бачуаи сигурно ќе го напушти клубот во наредните денови.

Англиските медиуми денес пренесоа помалку „шокантна“ информација дека Челзи испратил понуда до напаѓачот на Вест Хем Енди Керол.

Ова е навистина големо изненадување бидејќи Керол оваа сезона не добива голема минутажа ни кај „чеканите“, а притоа има и проблем со повреди. Сепак, Конте смета дека тој би бил идеален напаѓач кој ќе може да влегува од клупата.

Покрај тоа Челзи денес го договори и трансферот на Рос Баркли од Евертон за 15 милиони фунти. Играчот за врска денес треба да пристигна на лекарски прегледи во Лондон.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…