Home Спорт Челзи ги „украде“ Головин пред носот на Јувентус

Челзи ги „украде“ Головин пред носот на Јувентус

Ѕвездата на руската репрезентација, Александар Головин беше пред потпис со Јувентус, но на крајот ќе заврши во Челзи, пренесуваат англиските медиуми.

Јувентус започна преговори со ЦСКА Москва уште пред стартот на Мундијалот и трансферот беше пред реализација, но цената на Головин значително поразна после настапите на Светското првенство.

Медиумите на Апенините денес потрдија дека „бјанконерите“ се откажале од преговорите бидејќи не можеле да му париераат на Челзи.

Лондонскиот клуб постигнал договор со ЦСКА за трансфер вреден 25 милиони евра и трансферот ќе биде официјализиран по завршувањето на Мундијалот.

Нов тренер на Челзи, најверојатно ќе биде Маурицио Сари кој е голем симпатизер на играта на Головин.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…