Home Спорт Челзи доби дозвола – ќе го реновира „Стемфорд Бриџ“

Челзи доби дозвола – ќе го реновира „Стемфорд Бриџ“

Фудбалскиот клуб Челзи ја доби градежната дозвола за проширување на стадионот „Стенфорд Бриџ“. За тој проект клубот ќе потроши 500 милиони фунти, а капацитетот на стадионот ќе се зголеми за 19.500 места.

Капацитетот на „Стенфорд Бриџ“ изнесува 41.629 места, а со проширувањето овој стадион ќе има околу 60.000 места. Клубот ја доби градежната дозвола од општината Хамерсмит и Фулам. Конечниот збор треба да го има градоначалникот на Лондон Садик Кан, но се очекува тоа да биде само формалност, што значи дека Челзи наскоро ќе може да започене со проектот на реновирање.

Според плановите на клубот реновираниот стадион за натпревари ќе биде подготвен од сезоната 2021/2022. Во меѓувреме Челзи своите натпревари би ги играл на „Вембли“ или на стадионот за рагби Твикенхем.

Раководството на „сините“ очекува зголемениот капацитет да донесе и помлада публика, со оглед на тоа дека просечната возраст на сопствениците на сезонски билети изнесува 55 години.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…