Home Спорт „Centurion“ Роналдо прв до „стотка“ во Лигата на шампиони

„Centurion“ Роналдо прв до „стотка“ во Лигата на шампиони

Нова ѕвездена вечер за Кристиано Роналдо. Португалецот синоќа против ПСЖ постигна два гола, а првиот му денесе неверојатен рекорд во најелитното европско натпреварување.

Голот кој Роналдо го постигна од пенал во 44-та минута е точно 100. гол за Реал во Лигата на шампиони и стана прв фудбалер на кого тоа му успеало.

Можно е да не биде единствен до крајот на сезоната, бидејќи Лео Меси има постигнато 97 гола во дресот на Барселона.

Моментално Кристиано Роналдо има постигнато 116 гола во Лигата на шампиони, што исто така претставува своевиден рекорд (15 гола за Манчестер Јунајтед и 101 за Реал Мадрид).

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…