Трајанке, ќе се омажиш ли за мене? Трајчо, малку ли проблеми си имаш?
Трајанке, ќе се омажиш ли за мене? Трајчо, малку ли проблеми си имаш?
Починала некоја калуѓерка и оди кај Св. Петар. Тој го отвора тевтерот, запишува нешто и ја прашува: Што имаш сторено во животот? Доаѓам чиста. Не пушев, не пиев, не сум имала дечко и не знам што е тоа секс. Тогаш веднаш ќе добиеш крила. Супееер! Ќе станам ангелче! Ќе станам ангелче! Не, не. Ќе си останеш гуска!
Колку ви е правосмукалката? 12.000 денара. Аман бре! И гревови да не чисти?
Седи жена на заболекарски стол со отворена уста, а телефонот упорно и ѕвони. Докторот и поправа заб, а жената не може никако да се јави. Телефонот ѕвони ли ѕвони. Докторот се изнервирал и и го грабнал телефонот од рацете: Ало, не досадувај! Бргу ќе свршам, ќе плукне и ќе ти се јави.
Лето. Горештина. По улица оди многу згодна, убава и надарена плавуша. Се си е во ред, само има еден мал проблем. Едната града и излегла надвор од деколтето на маичката. Сите мажи зјапаат без да трепнат. Зјапаат, но никој не се осмелува да и прозбори. Конечно еден полицаец решава да си ја исполни обврската. И се приближува и вели: Добар …
На фризер, фризерката прашува: Како да те потшишам? Направи да бидам убава. Тебе татко ти не те направил, сега јас треба чудо да правам.
Коњот го поканил магарето во новата куќа и со гордост му ги покажува сите медали и трофеи што ги освоил. Следниот ден магарето го вика коњот во својата куќа и оти немал со што да се пофали нашол голема слика со зебра и со гордост му ја покажал на коњот. Што е ова? прашал коњот Па, ова сум јас кога …
Директоре, може ли во канцеларијата да внесам промени за да се чувствувам попријатно на работа? Може. Што предлагаш? Казан за варење ракија.
Жената му вели на сопругот: Срце, јас сум спремна за деца. Мажот: Јас не! Таа: За жал летото е при крај, треба да си ги земем од кај баба им од село.
Професорот по етика им поставува прашање на своите студенти: – Има ли право мажот да отвори писмо адресирано до жена му? Еден студент одговорил: – Има право, но нема храброст!
Емоционалното враќање на теренот за новиот играч на Њу Ингланд Патриотс, Ели Раридон, заврши порано од очекуваното. Раридон, 22, го напушти натпреварот против Бафало Билс во втората половина поради повреда на глуждот во неделата, 4 октомври. Тој беше означен како „прашање“, но не се врати. Њу Ингланд не издаде...