„Почитувани граѓани на Република Македонија, Доаѓаме до крајот на една од најважните и најчувствителните години за нашата земја. Година на интеграциите. Преку изградба на пријателство со соседот Грција, одговорно затворивме спор што Македонија ја влечеше надолу цели 27 години. Избравме иднина, наместо неизвесна изолација. Денес, нашата држава е на чекор да стане 30тата членка на најмоќната алијанса во светот, НАТО. …