Врз новоизбраниот градоначалник на мексиканскиот град Тлахијако, Алехандро Апарисио Сантјаго, беше извршен смртоносен атентат веднаш откако положил заклетва. Во убиствениот напад беа повредени и 4 други лица. Обвинителството соопштило дека Апарисио Сантијаго после полагањето заклетва тргнал на состанок во градското собрание, кога непознат број на напаѓачи пукале во него, пренесува Associated Press. Тој бил префрлен во болница, каде подоцна починал. …