На својот официјален фејсбук профил премиерот Зоран Заев кој е во неофицијална посета на Солун објави фотографија на која е во друштво на солунскиот градоначалник, Јанис Бутарис. „Солун прекрасен како и секогаш, пријателски град од соседна Грција. На заедничка вечера со градоначалникот Бутарис разговараме за нештата кои нѐ поврзуваат, во позитивна атмосфера. Му се заблагодарив на гостопримството и ги споделивме …