Home Актуелно Бујрум новите цени на горивата

Бујрум новите цени на горивата

Малопродажните цени на дизел горивата од ноќеска на полноќ се намалуваат за половина до еден денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,32, односно за 0,09 отсто.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д Е V) се намалува за половина денар по литар и ќе чини 52,5 денари, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ 1) поевтинува за денар по литар и ќе изнесува 41 денар.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС 95 и на ЕУРОСУПЕР БС 98 не се менуваат, односно остануваат 66,5 и 68,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,347 денари по килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М 1 НС и ќе изнесува 27,498 денари за килограм.

Како причина за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ја посочуваат за 1,36 отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…