Home Вебкафе Бугарка во фустан со ѕвездата од Кутлеш ја грми „Вардаре, Пирин кај ти е“ во кумановско

Бугарка во фустан со ѕвездата од Кутлеш ја грми „Вардаре, Пирин кај ти е“ во кумановско

На настан одржан во кумановско, бугарска пејачка облечена во фустан како нашето поранешно знаме со ѕвездата од Кутлеш, пееше патриотски песни, меѓу кои „Послушајте патриоти“ и „Вардаре, Пирин кај ти е“, и стана хит на социјалните мрежи.

Текстот и видеото кои ви ги пренесуваме ги објави порталот дневно.мк на кој е напишано дека таа настапила на голем масовен собир во Старо Нагоричане.

„Се случи нешто неочекувано, и истото наиде на радост кај Македонците. Имено, се појави бугарска пејачка која всушност потекнува од Пиринска Македонија, а нејзиниот стајлинг ги изненади гостите. Таа на себе имаше облечено фустан во боите на сонцето од Виргина, односно Кутлеш. Во еден момент го зема микрофонот и настана огромна еуфорија кога започна да пее низа наши патриотски песни, па ги крена на нозе присутните. За миг таа ги собра симпатиите на насобраната маса народ, меѓу кој, поголемиот број беа родољуби и луѓе кои вистински ја сакаат Македонија. „Вардаре, Пирин кај ти е“, „Едно име имаме“, „Ја, излези Ѓурѓо“, „Послушајте патриоти“ се само дел од песните кои се најдоа на нејзиниот репертоар, а кои во еден глас ги пееја сите кои што беа затекнати од оваа прекрасна глетка“, објави порталот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Маса за една личност: Зошто вистинското уживање е да јадеш сама во ресторан?

Од општествена осуда до вистинско уживање во времето на самотија Сѐ почесто, психолозите и…