Home Актуелно Бугарија в недела бира нов парламент – еве како стојат моменталните прогнози според анкетните проценти

Бугарија в недела бира нов парламент – еве како стојат моменталните прогнози според анкетните проценти

Бугарите во недела одат на гласање за избор на нов парламентарен состав. За иднината на билатералните односи, важно е кои ќе бидат следните соговорници на Скопје во Софија, по изборите на втори октомври, пишува Дојче Веле.

Вечерва на полноќ завршува изборната кампања за предвремените парламентарни избори во Бугарија, кампања – во која неретко беше присутна и темата – Македонија. Таа беше употребена од бугарските партии и во финишот на кампањата, „благодарение“ на еден спортски настан во Скопје.

За иднината на билатералните односи, важно е кои ќе бидат следните соговорници на Скопје во Софија по изборите на втори октомври, со оглед на многуте актуелни прашања – од енергетика, меѓуресорска соработка, добрососедство и интеграција.

Според резултатите од анкетата објавена во последниот ден од кампањата, а спроведена од Истражувачкиот центар „Тренд“ по нарачка на „24 часа“, прворангирана и со растечка предност е партијата ГЕРБ предводена од Бојко Борисов. Во неговиот мандат Македонија доби вето за почеток на преговорите, но годинава партијата гласаше за деблокирање на ветото врз основа на условите во францускиот предлог. ГЕРБ со 25,7% поддршка од испитаниците води за 9% пред „Продолжуваме со промената“, за која би гласале 16,4%.

Националистичката „Преродба“ исто така бележи силен финален спринт со 13,9%, пред ДПС која има 11,9% поддршка од испитаниците, но со потенцијал да го зголеми процентот со гласови од дијаспората. Следи Бугарската социјалистичка партија (БСП) со 8,7%, а зад нив е „Демократска Бугарија“ со 7,6%. „Има таков народ“ на Слави Трифонов со 4,4%, и „Бугарски поход“ на поранешниот службен премиер Стефан Јанев со 4,2%, за сосема малку го надминуваат парламентарниот цензус. Под тој праг остануваат „Исправи се, Бугарија“ (2%) и ВМРО-БНД (1,2%).

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…