Бугарија не оди на „Евровизија“ – немаат пари за учество


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поради немањето финансиски средства како главна причина која ја наведоа за ваквата одлука, Бугарија оваа година нема да учествува „Евровизија“.

Ова го соопштил бугарскиот национален сервис БНТ, а соопштението може да се види на официјалниот сајт на Евровизија.

„Со тага ви соопштуваме дека Бугарија нема да учествува на Евровизија. Оваа одлука се базира на финансиски причини, бидејќи, според менаџментот на сервисот, трошоците на проектот далеку ги надминуваат финансиските капацитети на БНТ“, се вели во соопштението.