Home Актуелно Бугарија го продолжи задолжителниот 14-дневен карантин за лица кои ќе влезат од Македонија

Бугарија го продолжи задолжителниот 14-дневен карантин за лица кои ќе влезат од Македонија

14-дневниот задолжителен карантин за оние што влегуваат во Бугарија од Македонија продолжува да важи и по 1 јули, објави бугарскиот национален здравствен инспектор Ангел Кунчев за време на посетата на Ќустендил.

Повеќе од 15.000 лица од Македонија регистрирани на адреси во Ќустендил имаат двојно државјанство. Тие очекуваа дека мерката ќе биде укината на 1 јули и дека ќе можат да влезат во Бугарија за административни услуги, за да платат даноци или за други цели, објавија бугарските медиуми.

„Имавме големи надежи дека од 1 јули ќе има паневропско решение, но за жал има многу големи разлики во мислењата на земјите од ЕУ. Сигурно е само дека оние што доаѓаат од земјите најпогодени од коронавирусот – САД, Русија, Бразил и Индија – нема да бидат примени во ЕУ“, додаде Кунчев.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…