Home Актуелно Брнабиќ порачува: Србија нема да го признае Косово

Брнабиќ порачува: Србија нема да го признае Косово

Српската премиерка Ана Брнабиќ, за албанската телевизија „Орањуз“, изјави дека Србија нема да ја признае еднострано прогласената косовска независност, додавајќи дека постои дијалог за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина и оти тој наскоро ќе биде продолжен.

Не верувам дека Белград ќе го признае Косово, но постои иницијатива за дијалог за подобри односи, нагласи Брнабиќ.

Српската премиерка истакна дека треба да се работи на нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина и треба да се продолжи со спроведувањето на Бриселскиот договор.

Србија направи многу за исполнувањето на обврските од тој договор и очекуваме истото да го направи и Приштина, особено кога станува збор за делот од договорот што се однесува на животот на српските заедници, наведе Брнабиќ, посочувајќи дека се надева оти дијалогот наскоро ќе биде продолжен.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…