Home Шоубизнис Бритни Спирс ја удрил телохранителот на НБА-ѕвезда

Бритни Спирс ја удрил телохранителот на НБА-ѕвезда

Бритни Спирс поднела пријава во полиција по жестока реакција на член на обезбедувањето на кошаркарска ѕвезда.

Бритни се обидувала да му честита на Виктор Вембањама за неговиот успех во НБА кога наводно еден од неговите телохранители ѝ удрил шлаканица.

Пејачката, која успеа да ја врати контролата над својот живот и финансиите кога судот во 2021 година го укина спорното старателство на татко ѝ, му пришла на спортистот зад грб кога го забележала во ресторан во Лас Вегас во четвртокот вечерта.

Телохранителот, а и спортистот, тврдат дека таа го зграпчила одзади, но таа вели дека само го чукнала по рамото бидејќи опкружувањето било многу гласно.

„Трауматските искуства не се нови за мене, ги имам доживеано многу. Не бев подготвена за она што ми се случи синоќа. Го препознав спортистот во лобито на хотелот додека одев на вечера. Подоцна отидов во ресторан во друг хотел и повторно го видов,“ напиша Бритни на „Инстаграм“.

„Решив да му пријдам и да му честитам на успехот. Беше навистина гласно, па го чукнав по рамото за да му го привлечам вниманието“.

Бритни додава дека Виктор дал изјава во која тој тврди дека го зграпчила, но таа е децидна дека тоа било едноставно тапкање по рамото. Таа, воедно, го потсетува дека порано, кога ќе ја опкружиле десетици фанови, никој од нејзините телохранители не реагирал така.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…