Home Актуелно Британските служби открија и трет агент вмешан во случајот „Скрипал“

Британските служби открија и трет агент вмешан во случајот „Скрипал“

Според најновите податоци и информации кои ги пласираа британските служби, и трет агент на руското разузнавање ГРУ е соучесник во наводниот напад со нервни материја „Новичок” против Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, е идентификуван од специјалните служби на Велика Британија, пишува весникот „Телеграф”.

Изданието не наведува извори, но тврди дека агентот на ГРУ го посетил Солсбери, за да го подготви нападот, пред другите двајца негови колеги да го пренесат хемиското оружје. Претходно министерот за надворешни работи на Велика Британија Џереми Хант изјави дека тој е убеден дека Русите се обиделе да го убијат поранешниот шпион, бидејќи тие се почувствувале уверени откако труењето во 2005 година во Лондон на Александар Литвиненко „им се протна”.

„Затоа реакцијата на Тереза ​​Мај овој пат беше многу поинаква”, изјави Хант во интервјуто за телевизијата Скај њуз. Тој додаде дека Кремљ не очекуваше 28 земји ширум светот да протераат повеќе од 150 руски дипломати.

Скотланд Јард засега одби да ги коментира вестите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…