Бразилски гангстер безмилосно ја казни својата неверна девојка


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Неименуван маж, за кој се тврди дека е гангстер од бразилското подземје, на социјалните мрежи ја објави контроверзната снимка на која е снимено како ја бричи главата од својата девојка за која дознал дека наводно го изневерила.

Девојката на снимката делува смирено, како да е помирена со казната и мирно седи додека типот ја бричи нејзината глава.

Во еден момент ѝ подава мобилниот, па се претпоставува дека типката му се јавува на фраерот со кого наводно го изневерила својот дечко. Ваквиот начин на казнување е карактеристичен за бразилските нарко картели, каде жртвите јавно се казнуваат за кршењето на правилата. А кога не може јавно, и социјалните мрежи бркаат работа.