Братот на Ел Чека на протест против ДУИ во Мала Речица – полицијата не дозволи одење до партиското седиште


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На денешниот протест против ДУИ организиран од страна на братот на Ел Чека, човекот кој од Чикаго објавува „прислушувани материјали“ на Фејсбук, демонстранти во Тетово побараа симнување на оваа партија од власт.

Протестот го предводи, Блерим Ахмед, братот на Шеик Ахмед, познат под псевдонимот Ел Чека со кој ги објавува прислушуваните разговори во кои се јавуваат гласови на функционери од ДУИ.

Демонстрантите бараат меѓународна истрага за случаите во кои обвинети се етнички Албанци, како и отстранување на седиштето на ДУИ од Мала Речица. Тие се обидува да се доближат до партиското седиште, но беа спречени од полицијата.

Блерим, брат на “Ел Чека“ за ТВ21, изјави дека полицијата ги предупредила дека може да се случи инцидент и дека тие не носат одговорност.

Тој тотврди дека полицијата не им даде дозвола да протестира пред седиштето на ДУИ, тврдејќи дека е јавно место и им рекле дека би можело да има судир меѓу нив и симпатизерите на ДУИ.

Дозвола за да протестираат имаат само пред ректоратот на Тетовскиот универзитет.