Home Актуелно „Бомбите“ за фамозниот Мерцедес од Груевски денес ќе „згрмат“ во судница

„Бомбите“ за фамозниот Мерцедес од Груевски денес ќе „згрмат“ во судница

Прислушуваните разговори поврзано со набавката на луксузниот Мерцедес, во рамки на судското рочиште за случајот на Специјалното јавно обвинителство „Тенк“, денес треба да се слушаат во судница во Основниот суд Скопје 1.

Судијката Добрила Кацарска на минатото рочиште рече дека ќе се сослушаат сведоците кои останаа, а по нив ќе се слушаат „бомбите” кои се дел од доказниот материјал против обвинетите Никола Груевски, Гордана Јанкулоска и Ѓоко Поповски.

За во април судијката Кацарска закажа шест рочишта за случајот “Тенк”. За овој предмет има осум прислушувани разговори од кои четири беа јавно објавени, а четири се необјавени.

Според СЈО, Груевски како премиер побарал од Јанкуловска да определи лице кое ќе спроведе незаконска јавна набавка за ново блиндирано возило. За ова, според СЈО, се фаворизирала фирмата Мак Аутостар.

За да го исполни барањето Јанкуловска го ангажирала Поповски и двајцата ја злоупотребиле службената положба и овластување. МВР направило набавка на возилото кое требало да и биде дадено на владата, но според СЈО, било набавено оти Груевски сакал да се води во такво возило, но не сакал јавноста да знае за тоа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…