Home Актуелно Бомбите одбиени како доказ во процесот против Груевски – рочиштето презакажано за февруари

Бомбите одбиени како доказ во процесот против Груевски – рочиштето презакажано за февруари

Судијката Татјана Михајлова ги одби како доказ бомбите на судењето на Никола Груевски и уште 13-мина други обвинети за насилство во општина Центар и нарачаните шамари за Андреј Жерновски со образложение дека биле набавени на нелегален начин, со кршење на човековите права и слободи и на меѓународните конвенции.

Таа, исто така, го одби предлогот на Специјалното јавно обвинителство, претставувано од обвинителката Фатиме Фетаи, во доказната постапка да биде сослушан сведок со статус загрозен, чиј идентитет би го знаела само таа.

Судењето продолжува на 22 февруари. Обвинителката Фетаи рече дека ова судење е приоритет, ама судијката одговори дека таа има многу работа.

Првообвинетиот Никола Груевски утринава дојде на денешното судење за насилствата во Општина Центар и нарачаните шамари за градоначалникот Андреј Жерновски, а покрај него на обвинителната клупа седнаа Миле Јанакиески, Даниела Рангелова и уште 11-мина други, против кои Специјалното јавно обвинителство поднесе обвинителен предлог на 15 септември.

Поранешниот премиер Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Јанакиески и поранешната советничка во Центар и пратеничка Рангелова се обвинети како нарачатели на насилствата во Општина Центар во јули 2013 година. Уште две лица се товарат како нарачатели, а деветмина други како извршители.

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

КПХФВ: Уличниот стил во Копенхаген ја обликуваше и обои радоста

Вистина е дека, со целиот хип околу Париската недела на висока мода, Копенхаген можеби ост…