Home Спорт Бомба од Италија: Игуаин му кажа ДА на Милан

Бомба од Италија: Игуаин му кажа ДА на Милан

Италијанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Гонзало Игуаин е отворен за преселба во Милан.

Милан е во потрага по врвен напаѓач и прв на листата желби е токму Игуаин, кој е на излезна врата од Јувентус.

Неговата цена во моментов изнесува 60 милиони евра, а „росонерите“ сакаат да го финансираат трансферот со продажва на Калиниќ и Андре Силва.

„Скај Италија“ пренесува дека Аргентинецот му кажал ДА на Милан и е спремен да се пресели на „Сан Сиро“ иако „росонерите“ нема да играат во Европа оваа година.

Проблем за Милан може да биде конкуренцијата, бидејќи Челзи исто така го сака Игуаин и е спремен да му понуди повисока плата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…