„Бомба“ од Апенините: Венгер го презема кормилото на Милан


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека сериозно е разнишана позицијата на тренерот Џенаро Гатузо во Милан и дека наскоро може да има тренерска смена на „Сан Сиро“.

Раководството на „росонерите“ не е задоволно од начинот на кој Милан играше во градското дерби, но и генерално од освоените бодови во досегашниот дел од шампионатот.

После синоќешниот пораз од Бетис само се засилија шпекулациите за отказот, а медиумите веќе шпекулираат со тренерските имиња.

Покрај Донадони и Конте кои се спомнуваа минатите денови, најново име кое се поврзува со клупата на „Сан Сиро“ е Арсен Венгер.

Венгер во моментов е без ангажман после заминувањето од Арсенал, а познато е дека во Милан доаѓа генералниот директор на „топџиите“ Иван Газидис.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Газидис е во исклучително добри односи со Венгер и би можел да влијае на неговото преземање на кормилото на Милан.

Гатузо моментално има ултиматум од раководството и мора да победи на следните два меча против Сампдорија и Џенова во Серија А.