Home Спорт „Бомба“ од Апенините: Милан сака да го врати Ибрахимовиќ!

„Бомба“ од Апенините: Милан сака да го врати Ибрахимовиќ!

Италиајнските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека подготвува сензационално враќање на Златан Ибрахимовиќ во Серија А.

„Кориере дело Сера“ открива дека Милан сака да го донесе Ибрахимовиќ во зимскиот преоден рок, бидејќи тренерот Џенаро Гатузо сака да го засили нападот.

Гатузо мометнално во тимот има двајца напаѓачи, Игуаин и Кутроне, но има потреба од уште еден напаѓач кој ќе му помогне на тимот во Лига Европа, како и да се избори за пласман во Топ 4 во Серија А.

Ибрахимовиќ има договор до декември со ЛА Галакси, па во Милан сметаат дека би бил одлично засиливање за до крајот на сезоната.

Идејата на „росонерите“ е тој да биде донесен на шест месеци и да му помогне на тимот во клучните дуели во вториот дел од сезоната. Милан има потреба од уште еден напаѓач, а Гатузо смета дека Ибра би донел додатен мотив и искуство во тимот.

https://twitter.com/CmdotCom_En/status/1047386034328154112

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…