„Бомба“ од Апенините: Јувентус ја купува ѕвездата на Атлетико


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри се најде во продблеми после повредите на неколку клучни фудбалери, па раководството на „старата дама“ спрема големо засилување во зимскиот преоден рок.

Јувентус остана без Дибала и се претставува дека повредата е тешка природа, како и дека ќе го пропушти натпреварот против Тотенхем. Покрај тоа Јуве го пушти Пјаца во Шалке на позајмица, Квардадо исто така е повреден, па на располагање на Алегри му останаа само Бернардески, Коста и Манџукиќ.

Поради тоа денес италијанските медиуми тврдат дека Јувентус би можел да се обиде да го доведе Јаник Караско од Атлетико Мадрид и тоа на позајмица со право на откуп.

Цената на Белгиецот, односно клазулата 100 милиони евра, го сака и Рома, но тој денес вреди многу помалку бидејќи Симеоне не смета на него.

Како што се наведува „јорганџиите“ се спремни да го пуштат фудбалерот од средниот ред за сума од 40 милиони евра.