Home Спорт „Бомба“: Канте прави изненадувачки трансфер во Италија

„Бомба“: Канте прави изненадувачки трансфер во Италија

Нголо Канте е сигурно еден од најдобрите играчи за врска во светот, а медиумите тврдат дека наскоро би можел да го напушти Челзи.

Французинот е на мета на многу европски гиганти, ова лето се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид и ПСЖ, а сега во трката за неговиот потпис се вклучи и Јувентус.

„Дејли Мејл“ пренесува дека „старата дама“ е сериозно заинтересирана за Канте и ќе се обиде да го реализира трансферот уште во јануари.

Тренерот Маурицио Сари смета дека Канте одлично би се вклопил во средниот ред и побарал од челниците да го донесат во Торино.

Јувентус е спремен да понуди 80 милиони евра за потпист на Канте, но проблем секако ќе биде големата конкуренција.

Имено, ситуацијата со Канте внимателно ја следи и Реал Мадрид, кој е спремен да направи се за да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…