Home Спорт БОМБА: Интер тргнува по Герет Бејл!?

БОМБА: Интер тргнува по Герет Бејл!?

Англиските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека милански Интер е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Реал Мадрид, Герет Бејл.

Бејл не е задоволен од својот статус во Мадрид и минутажата која ја добива оваа сезона, па се почесто се шпекулира дека ќе го напушти „Сантиаго Бернабеу“ на крајот на сезоната.

Реал Мадрид исто е спремен да го продаде Велшанецот, бидејќи со неговата продажба сака да го финансира доаѓањето на нова голема ѕвезда.

Приоритет за Бејл е враќање во Премиер лигата, но сега Интер влегува во траката за неговиот потпис. „Нероаѕурите“ веќе спремаат план како да го донесат Велшанецот на „Џуземе Меаца“.

Интер планира да го добие Бејл преку позајмица и тоа не директно од Реал Мадрид. Трансферот би го платил кинескиот клуб Жиангсу, кој е во сопственост на кинескиот конзорциум „Сунинг“, кој исто така е сопственик на Интер. Кинескиот тим веднаш би го позајмил Бејл на „Џузепе Меаца“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…