Home Спорт Бомба: Дарко Панчев спортски директор на Вардар

Бомба: Дарко Панчев спортски директор на Вардар

Македонски спорт лансираше вистинска „бомба“ и тврди дека најдобриот фудбалер во историјата наВардар, Дарко Панчев наскоро ќе биде промовиран во спортски директор на „црвено-црните“.

„Македонски спорт“ пренесува дека преговорите за враќањето на Дарко Панчев во Вардар се во завршна фаза и дека легендарниот напаѓач бил виден во просториите на најтрофејниот македонски клуб.

Функцијата спортски директор во Вардар остана испразенета откако Гоце Седлоски беше прекомандуван во тренер на првиот тим. Две години „црвено-црните“ немаат спортски директор, па одлучија тоа место да му го понудат на најдобриот играч во нивната историја, Дарко Панчев.

Доколку дојде до ваков договор, тогаш Панчев по третпат ќе се најде во раководните структури на клубот. Во 1987 година самиот учествуваше во освојувањето на титулата. Потоа во 1997 година беше и спортски директор, а во 2007 година ја извршуваше функцијата претседател.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…