Бојан Јовановски и неговиот татко се појавија на распит кај обвинителката Русковска


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес на сослушувачко соочување со обвинителката Вилма Русковска во Јавното обвинителство се појавија првоосомничениот во случајот „Меѓународен сојуз“, Бојан Јовановски, и неговиот татко Миле Јовановски. Боки 13 е последниот од петте осомничени лица за овој случај.

Утринава на распит беше таткото на Јовановски, Миле и асистентка од Сојузот, Христина Блажевска. Миле Јовановски пред медиумите изјави дека не се чувствува виновен.

Во текот на изминатите денови исказ даваше Јасна Мандиќ, како и пратеничката Фросина Ременски. Ременски рече дека одговорила на сите прашања, и очекува Обвинителството да ја заврши постапката.