„BMG Network“ најавува возбудливо лето во Скопје – загатки, награди, адреналин …

BMG Network

Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Што ќе се случуваво Скопје ова лето!? Нешто се крчка, се спрема, но што? Знаеме само дека ќе биде интересно, ќе има награди, загатки … Знаеме дека нешто е скриено, нешто што треба да биде пронајдено! Но што?

Јутуб каналот – BMG Sports, кој пред неколку дена беше ребрендиран во BMG Network, најавува нешто интересно. Во вторникот излезе кратко teaser видео кое почна да открива за што станува збор, но не доволно за да ја погледнеме широката слика.

“Имаме возбудлива објава. Но засега, сè што можеме да откриеме е дека тоа е нешто скриено. Нешто кое треба да биде пронајдено! Во Скопје летово ќе се случува нешто многу интересно! Авантура, предизвик, загатки, награди, забава, игра, возбуда, адреналин … од се по нешто! Љубопитни? За многу брзо, во следното teaser видео, ќе откриеме повеќе тајни … Следете!!!” стои во објавата од BMG Network.

Во видеото се појави и нов лик, па сега покрај „ТЈ“ или Јовица Симоновски и Стојанче Колев – „Баскиецот“, свежина на YouTube каналот е Лепа.

На нас ни останува да го сочекаме следното teaser видео, па да откриеме што точно ќе се случува во Скопје ова лето, дали некаков предизвик, наградна игра, или нешто сосема друго. Иако според најавите, ќе има повеќе тисер видеа.

Ни останува да сочекаме. Следете, ќе објавуваме за секое ново откритите.