Home Шоубизнис Блум и Пери им направија божиќна радост до небо на децата во една болница

Блум и Пери им направија божиќна радост до небо на децата во една болница

Орландо Блум и Кејти Пери го искористија предбожиќниот период и расположение за да ги посетат децата во детска болница во Лос Анџелес (Children’s Hospital Los Angeles), каде им организираа вистинска празнична атмосфера која многу ги развесели малите.

22-12-blum-peri1

Децата во болницата го добија она што долго го чекаа и заслужуваат – кај нив дојдоа г-дин и г-ѓа Мраз, кои испадна дека многу личат на Орландо Блум и Кејти Пери, така гласи пораката што се појави на официјалната страница на болницата Фејсбук.

22-12-blum-peri2

Облечени во новогодишни костими како Дедо и Баба Мраз, двајцата се сретнаа со децата и нивните родители, им поделија подароци и автограми и си направија слики. Дури и пееја и божиќни песни со најголемо задоволство.

22-12-blum-peri3

22-12-blum-peri4

22-12-blum-peri5

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Ководителката на Меган Маркл во „Јуниор Мастершеф“ застана во нејзина одбрана по бурните реакции

По Линг Јеоу ја поддржа Меган Маркл по критиките за нејзиниот нов водителски ангажман во а…