Home Актуелно Биткоинот повторно „гази“ – прв пат ја надмина вредносната граница од 20.000 долари

Биткоинот повторно „гази“ – прв пат ја надмина вредносната граница од 20.000 долари

Најстарата и сè уште најпопуларна криптовалута, Биткоин, за прв пат ја надмина „магичната“ вредносна граница од 20 000 долари, според Коиндеск. Оваа година, оваа криптовалута е скоро тројно зголемена по вредност.

Биткоинот на тој начин го поздравува крајот на годината со најголема вредност досега. Но, на почетокот на годината не изгледаше така.

Од средината на февруари до средината на март, неговата цена падна за повеќе од 50 проценти – на само 4.895 американски долари. По кратка фаза на опоравување, цените долго време се движеа близу границата од 10.000 долари – до пред неколку недели.

Во ноември, биткоинот се држеше на околу 16 000 американски долари.

На крајот на 2017 година, Биткоин скоро ја допре вредноста од 20 000 американски долари , но потоа следуваше пад.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…