Билјана Ивановска нов претседател на Антикорупциска


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Билјана Ивановска ќе биде новиот претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата. Таа без дискусија беше избрана за оваа функција од сите членови на Комисијата за избори и именувања, пренесува Нова ТВ.

За Ивановска, членовите на Комисијата за селекција на кандидатите напишале дека „врз основа на дадените одговори се оцени дека кандидатот има големо искуство во борбата против корупцијата и има јасна визија за работата на Комисијата“.

Ивановска е овластен ревизор.

Во Државниот завод за ревизија е вработена во 2000 година, а од 2013 преминува во ревизорското тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош.

Ивановска била вработена и во Министерството за финанисии како началник на Одделението за буџетско сметководство, а работела и како стручен соработник во повеќе собраниски комисии. Ивановска има 55 години и е мајка на три деца.

Иако, Ивановска нема освоени максимални 100 поени, сепак таа на листата на селектирани кандидати е прва која аплицирала и за претседател на Комисијата. Останатите што се на ранг листата пред неа поднеле пријави само за членови на Антикорупциска.

Освен Билјана Ивановска за членови на Антикорупциска се предложени и Владимир Георгиев државен советник на секретаријатот на Антикорупциска, Софка Пејовска раководител на сектор за спречување на корупција во Антикорупциска, Катица Николовска – ревизорка, Мури Бајрами ревизор, Горан Трпеновски новинар и Салаи Шемши, вработен во општина Врапчиште.