Home Спорт „Би-Би-Си“ тврди: Претседателот на Лестер бил во хеликоптерот

„Би-Би-Си“ тврди: Претседателот на Лестер бил во хеликоптерот

Во хеликоптерот кој синоќа се сруши после утакмицата меѓу Лестер и Вест Хем, бил сопстевникот на Лестер, тајландскиот милијардер Вичиа Шривадханапрабх, тврди „Би-Би-Си“.

Се уште нема официјана потврди ниту од клубот, а ни од полицијата, но медиумите јавуваат дека внатре имало шест луѓе. Се стравува дека во него бил и менаџерот на клубот Клод Пуел, како и ќерката на сопственикот на Лестер.

Хеликоптер со кој сопственикот доаѓал и си заминувал од натпревар се сруши веднаш по полетувањата, во близина на стадионот.

„Перките на опашката не работеа, моторот престана да работи, по што се слушна силен звук. Кога се свртев елипсите почнаа да вртат, а хеликоптерот падна на земја. Се се претвори во џиновска топка од оган“, изјавил еден од очевидците.

https://youtu.be/_PIIJHD4CjQ

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…