БЕГ нема да ги грее скопјани – РКЕ иницираше постапка за одземање на лиценцата за парно греење


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Регулаторната комисија започна постапка на одземање на трите лиценци на снабдувачот Балкан Енерџи Груп за парно греење во Скопје, а причините не се наведени. Оттаму уверуваат дека сите постапки ќе бидат завршени пред почетокот на грејната сезона и нема да има ладна зима во метрополата.

Откако регулаторот ќе ги одземе лиценците на потег е Владата која треба да распише нов тендер за снабдувач со топлинска енергија , а согласно Законската регулатува БЕГ има обврска дотогаш да снабдува со топлинска енергија

Тоа значи во моментот кога ќе ги одземеме лиценците ќе ја информираме Владата и согласно законот за енергетика, Владата е должна да распише тендери. Сите постапки ќе бидат завршени а до завршување на постапките постоечкиот снабдувач е должен да ја врши дејноста , рече претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Ваквата ситуација неофицијално во игра вклучува три сценарија. Една опција е БЕГ да го преземе Град Скопје, нешто за што до РКЕ е поднесено барање од пред неколку години, а беше и формирано претпријатие ГЕС за дистрибуција на топлинска енергија. Друга можност е ЕСМ да го продолжи управувањето со БЕГ кое го презеде во јануари годинава откако поради енергетската криза БЕГ не беше во можност да испорача доволно гас, а третата опција да биде избрана нова приватна компанија.

Од РКЕ уверуваат дека постапката нема финансиски да влијае ни на граѓаните ни на индустријата. Тој порача дека во секторот треба да се укинат трите дејности производство, дистрибуција и снабдување по примерот во регионот .

Јас можам да и препорачам на Владата, тоа е лично мое мислење, конечно во овој сектор треба да се укинат трите дејности, производство, дистрибуција и снабдување, како што е насекаде во регионот. Да има една лиценца за топлинска енергија. Владата или други јавни претпријатија треба да си го превземат вршењето на оваа дејност, рече Бислимоски.

Инаку , трите лиценцирани компании на БЕГ покажаа три пати поголеми трошоци за 2022 до РКЕ. БЕГ побара да му се признаат трошоци од 60 милиони евра, додека ланското барање на крајот од пролетта 2021 било 25 милиони евра.