Home Спорт Барселона тргнува по Обамејанг

Барселона тргнува по Обамејанг

Напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг нема да стави потпис на нов договор и сака што побрзо да ја промени средината.

Надежите на клубот беа дека со доаѓањето на Микел Артета за нов кормилар, Обамејенг би сакал да остане во клубот и да потпише нов договор. Сепак, англиските медиуми ги негираат ваквите тврдења и информираат дека Африканецот веќе донел одлука да си замине од „Емирати“.

Таквата ситуација сака да ја искористи Барселона, која е во потрага по напаѓач, кој ќе може да биде замена за Луис Суарез.

Новиот тренер на Барселона, Кике Сетиен, токму во Обамејанг ја гледа идеалната замена за Суарез кој може веднаш да има важна улога во играта на Каталонците.

Обамејанг сезонава постигна 14 гола за Арсенал, а договорот со „топчиите“ му истекува идното лето. Барселона ќе се обиде да го реализира трансферот со тоа што освен пари ќе понуди и некој играч.

Сепак, тешко е да се поверува дека Арсенал ќе му дозволи на најдобриот играч да си замине од клубот на среде сезона.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…