Home Спорт Азар: Нема шанси да заминам во јануари!

Азар: Нема шанси да заминам во јануари!

Иднината на Еден Азар повторно е главна тема на Островот и се погласни се шпекулациите за негов трансфер во Реал Мадрид.

Белгиецот се уште нема ставено потпис на нов договор со Челзи, а неодамна уште еднаш јавно потврди дека сонува да заигра за Реал Мадрид.

Тоа додатно ги разгоре шпекуалциите, особено поради фактот што Челзи на лето ќе биде ставен пред „цвршен чин“ и ќе мора да го продаде Азар кој влегува во последната година од договорот.

Во медиумите се појавија информации дека трансферот би можел да се реализира уште во јануари, но самиот Азар тврди дека тоа е невозможно.

„Нема шанси да го напуштам Челзи во јануари. Многу пати зборував за мојата иднина, но повторно ќе потврдам дека нема да го менувам клубот во зимскиот преоден рок“, категоричен беше Азар.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…