Home Актуелно Австралиец по грешка уплати два тикети и доби 46,6 милиони долари

Австралиец по грешка уплати два тикети и доби 46,6 милиони долари

Еден жител на Мелбурн, Австралија доби на лотарија 46,6 милиони долари откако по грешка уплати два тикети со исто броеви, пренесуваат тамошните медиуми.

Човекот уплатил еден тикет во Сент Албанс, а потоа случајно уште еден со истите броеви на друго уплатно место.

Секој тикет поединечно му донесе по 23,3 милиони долари, а џекпотот беше толку голем бидејќи никој не го доби во последните седум месеци.

Добитната комбинација била 12, 28, 24, 29, 9, 18 и 25, а додатните броеви биле 13 и 31.

Човекот кој ги платил двата тикети изјави дека ги играл истите броеви цели 30 година и дека сега размислува да се пензионира.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…