Сакоата со пеплум повторно се во мода: крој што ја нагласува половината
За елегантен и женствен изглед не се потребни сложени комбинации. Сакоата со пеплум, препознатливи по нагласената половина и благо проширениот долен дел, внесуваат префинетост во секојдневното облекување, а лесно се вклопуваат и во посвечени пригоди.