Том Брејди во средиштето на раздорот меѓу Кендис Свонпул и Џоан Смолс
Некогаш блиското пријателство меѓу двете манекенки на „Викторија сикрет“ стана тема на бројни разговори, а во средиштето е Том Брејди. Веста за неговата врска со Кендис Свонпул се појави само неколку дена пред нејзината долгогодишна пријателка Џоан Смолс да се огласи на социјалните мрежи со зајадлив тон.









