Атенборо се враќа како наратор на „Планетата Земја“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот глас на 97-годишниот Дејвид Атенборо се враќа во програмата на Би-Би-Си на 97 години како наратор на третото издание на природонаучната серија „Планетата Земја“. Атенборо првпат го позајми гласот за оваа серија во 2006, а истото го направи и за втората сезона во 2016.

Би-Би-Си сега потврди дека смирувачкиот глас на Атенборо ќе ги води гледачите и низ третата сезона на „Планетата Земја“, која ќе има премиера подоцна оваа година.

„‘Планетата Земја‘ не би била тоа што е без Дејвид и пресреќен сум што тој ќе ја презентира и третата сезона“, изјави извршниот продуцент Мајк Гантон.

Третата сезона беше одобрена уште во 2019, но продукцијата беше одложена поради ковид пандемијата.

Атенборо го посвети својот живот на конзерваторството и во ТВ-кариерата долга речиси седум децении беше водител на стотици серии и емисии за природата.