Такер Карлсон тврди дека на Трамп можно е да му се готви атентат


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Американскиот новинар и коментатор Такер Карлсон изјави дека поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп би можел да биде убиен.

„Почнаа со критика, потоа протестираа, потоа го отповикаа. Сега поднесуваат обвиненија и ништо од тоа не функционира. Што е следно?“, праша Карлсон за време на гостувањето во шоуто на Адам Карола.

Тој додаде дека ќе се оди кон атентат на Доналд Трамп.

„Тоа никој не сака да го каже, но не знам како не можете да дојдете до тој заклучок“, кажа Карлсон.

Новинарот минатата недела објави интервју со Трамп во кое поранешниот американски претседател, меѓу другото, директно го праша дали мисли дека би можел да биде убиен.

„Дали сте загрижен дека ќе се обидат да ве убијат? Искрено, зошто не би се обиделе да ве убијат?“, праша Карлсон, на што Трамп одговори: „Тие се дивјаци. Тоа се луѓе кои се болни“.

Сите истражувања на јавното мислење покажуваат дека Трамп повторно ќе биде кандидат на Републиканската партија на изборите за претседател на САД во 2024 година.