Home Актуелно Кога си се чаламиш со туѓи пари: Собранието бара зголемен буџет за да си ги исплати за 78 отсто покачените плати

Кога си се чаламиш со туѓи пари: Собранието бара зголемен буџет за да си ги исплати за 78 отсто покачените плати

Во Собранието вчера се одржа седница на Буџетскиот совет на која беше изгласана одлука за давање на согласност за изменување и дополнување на Буџетот на Собранието за 2023 година иницирана од барањето на Министерството за финансии во контекст на ребалансот на Буџетот за 2023 година.

„Согласно одлуката, се известува Министерството за финансии дека Собранието има потреба од зголемување за 95.5 милиони денари од кои најголем дел за зголемување на платите на вработените за 10 отсто и на 124 функционери за 78 отсто. Исто така по основ на други ставки има намалување на собранискиот буџет за 19.5 милиони денари. Буџетскиот совет донесе Стратешки план на Собранието за периодот 2024-2028 година, а пратениците дадоа согласност и за планот за вработување во службата за вработување за 2024 година. За следната година планирани се 31 ново вработување и 37 унапредувања, 15 вработени заминуваат во пензија, а се испразнуваат и 28 места други места по други основи. Од 2018 до 2022 година реализирани се 90 унапредувања во собраниската служба, а за оваа година планирани се 25 коишто сѐ уште не се реализирани“, пишува во дел од одлуката на Буџетскиот совет.

Пратениците донесоа и одлука за Предлог на буџет на Собранието за 2024 година вреден 905.5 милиони денари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…