Арсовски: „Ципрас има мнозинство“, Димитров – „договорот ќе помине во Атина“, Каменос исклучува


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според тврдењата на амбасадорот Љупчо Арсовски, прв македонски амбасадор во Грција, актуелниот грчки премиер Алексис Ципрас го има потребното мнозинство за да го помине во Парламентот договорот од Преспа за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција, иако Партијата на независни Грци излезе од владината коалција и го разниша мнозинството на истата.

Министерот за надворешни Никола Димитров добил уверување од грчка страна дека Атина ќе ги заврши обврските преземени и кои произлегуваат од преспанскиот договор.

Лидерот на партијата „Независни Грци“, Панос Каменос ја исклучи од партијата министерката за туризам на Грција, Елена Кундура, која што јасно кажа дека ќе ја поддржи владата на Ципрас при гласањето доверба во парламентот, пренесува „Катимерини“.

На иста линија со министерката е и нејзиниот сопартиец и заменик-министер за земјоделство, Василис Кокалис, кој утрово исто така се изјасни дека на гласањето ќе даде поддршка на актуелната власт.

Се очекува наскоро Каменос, да објави и негово исклучување од редовите на „Нова Демократија“. Потпретседателот на “Независни Грци“, Панајотис Сигуридис, во денешната изјава за телевизијата Скај, рече дека функционерите од нивната партија својот глас за поддршка на владата на Ципрас го тргувале во замена за задржување на министерската или заменичката позиција во власта.