Музика

Аријана Гранде „влегува“ во чевлите од Селин Дион

Американската пејачка и актерка, Аријана Гранде, заедно со пејачот Џон Леџенд, ќе снимаат преработка на култната песна за филмот The Beauty and The Beast, која оригинално во 1991 година ја отпеаја Селин Дион и Пибо Брисон.

Продуцент на новата верзија е Рон Феар, а наскоро ќе има и видео спот во режија на Дејв Мејерс.

Оригиналот на Дион и Брисон им донесе голем број награди, меѓу кои Златен глобус, Оскар и Греми за најдобра филмска песна.

Во најновата екранизација на Дизниевиот анимиран филм, после Maleficent, Cindarela и Jungle Book, главната улога ќе ја има Британката Ема Вотсон.

To Top