Home Актуелно Арифи: Одлуката на Врховен за укинување на притворот на Кочан е спорна по неколку основи

Арифи: Одлуката на Врховен за укинување на притворот на Кочан е спорна по неколку основи

За професорката по кривично право од Универзитетот на Југоисточна Европа, Беса Арифи, одлуката на Кривичниот совет на Врховниот суд со која се укинува притворот на бизнисменот Сеад Кочан е спорна по неколку основи.

Не само поради тоа што е поднесена од неовластен предлагач на барањето за заштита на законитоста (државниот јавен обвинител Марко Зврлевски) туку и поради начинот на кој е донесена, по неколку смени на судии во Кривичниот совет и со тесно мнозинство во гласањето три наспроти два.

Според професорката Беса, во судската пракса не може да се најде пример кога државен јавен обвинител бара укинување притвор за лице кое повеќе од два месеца е во бегство. Таа смета дека не држат ниту аргументите дека СЈО не поднело доволно докази за постоење кривично дело бидејќи во друга одлука, Судот веќе прифатил да се замрзне имотот на Кочан.

Одлуката на Врховниот суд, за неа, има уште потешко дејство од помилувањата на претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, бидејќи се прави преседан кој во иднина може да ја блокира работата на СЈО во други предмети.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…